Свежиот здив ви дава самодоверба,тој е мерило за лична хигиена и внимавање
на себе. Императив за свеж и пријатен здив е редовна посета на стоматолог
најмалку 2 пати годишно,со што ќе се одржуваат забите и гингивата здрави и
темелно одржување на орална хигиена дома. Меѓутоа до појава на непријатен здив
може да дојде и поради некои други причини.
Причина за лош здив може да е и
возраста,некои хормонални дисбаланси,патолошки состојби во устата или во
организмот и конзумирањето на одредени
видови на храна и пијалоци. Кај старите луѓе,може да се јави непријатен здив и
покрај редовно одржување на орална хигиена. Исто можна е појава на лош мирис и
кај жените за време на менструалниот циклус или при примање на некоја
хормонална терапија.
Конзумирањето на лук, кромид,протеинска исхрана,алкохол и
др,обично доведува до појава на непријатен здив. Лошиот здив може да е резултат
на дијабет,бубрежни заболувања,болести на хранопроводот и желудникот и др. Во
овие случаи мора да се третира прво основното заболување. Непријатниот здив
може да е резултат и на дехидратација на организмот,при високи
температури,повраќање,проливи и сл.
Затоа многу е битно организмот да е доволно хидриран. Тоа подразбира пиење
на доволни количини вода,1,5 до 2 л дневно. Пиењето на природни,свежо исцедени
сокови од лимон и портокал,ја стимулираат секрецијата на плунка и со тоа
природно ја чистат устата и забите.
За да се отстрани непријатниот здив помагаат и некои секојдневни корисни
навики.
-Пиење на јогурт-Секојдневното
конзумирање на јогурт е сојузник во борбата против лошиот здив. Јогуртот содржи
големи количини на вит.D кој
не им годи на бактериите,па тие нема да се размножуваат.
-Секојдневно пиење на црн чај-како
и јогуртот,конзумирањето на црн чај ќе ја спречи појавата и размножувањето на
бактерии одговорни за лош здив.
Некои зачини како нане, рузмарин, магдонос,жалфија, еукалиптус ја отстрануваат
непријатната миризба. Тие можат да се користат како чаеви за пиење или само за
плакнење на устата или пак нивните листови да се жвакаат.
Наместо да купуваме водички за уста,можеме и сами да ги припремиме дома од
природни состојки. Ова се некои од состојките кои може да се употребат во
домашни услови:
-на база на нане и рузмарин
Листови нане и рузмарин се потопуваат со топла вода и се остааваат потопени
24 часа. После тоа течноста се цеди и се чува во фрижидер.Се употребува за
плакнење на уста.
-на база нa мед и цимет
Половина лажичка мед и половина лажичка цимет се преливаат со топла вода и
со течноста секојдневно се плакне устата.
-на база на јаболков оцет
2 лажички јаболков оцет се мешаат во чаша вода и се користат за плакнење.
Антибактериско дејство има и употреба на 3% хидроген и сода бикарбона
растворена во чаша вода. Со ова убаво би било да се плакне устата 2-3 пати
неделно после четкањето на забите.
No comments:
Post a Comment