Покрај четката за заби,како основно средство за одржување на
орална хигиена,треба да користиме и помошни средства.Тоа се : паста за заби,интердентални четки,конец за заби и антисептички водички за
уста.
Исто како и четките за заби,на пазарот постои голем избор и
на пасти за заби.Основно дејство на пастата е со својата пена при
четкањето,механички да ги отстранува остатоците на храна.Пастата за заби содржи
абразивни честички,кои овозможуваат мазна површина на забите после
четкањето.Исто така е корисно и присуството на флуориди во составот на
пастите,бидејки тие делуваат превентивно во одбраната на кариес,Денеска,скоро
сите пасти во својот состав ги имаат овие состојки,така да не треба премногу да
се оптоваруваме за тоа кој е правилниот избор на паста за заби.Многу побитен е
начинот на кој ги четкаме забите.Единствено треба да обрнеме поголемо внимание
во изборот на паста,кога е потребно да се третира некое заболување или симптом.Тогаш
може да се избере паста која во својот состав има состојки за намалување на
осетливост на забите,за смирување на гингивално воспаление и пародонтопатија и
др.Тоа се посебни терапевтски пасти и најдобро е да ги препорача стоматолог.
За правилно одржување на орална хигиена,потребно е да
користиме и интердентални четки.Тоа се посебно конструирани четки,кои се
користат за чистење на просторот помеѓу забите.Влакната на обичните четки не
можат да достигнат во овие недостапни делови помеѓу забите.Затоа треба да се
користат и овие интердентални четки како дополнение на четката за заби,бидејки
со нив детално може да се исчисти овој непристапен дел.
За таа цел може да се користи и забен конец,иако има помал
ефект во чистењето од интерденталната четка.Некои забни конци се импрегнирани
со восок,за полесно да влегуваат во меѓузабниот простор,меѓутоа подобро е
тие да се избегнуваат ,бидејќи восокот
може да заостане помеѓу забите и да биде подлога за размножување на бактерии.
Антисептичките водички за уста треба да се употребуваат само
како дополнение за орална хигиена,зошто тие не можат да делуваат на бактериите
од забниот плак ако е тој наталожен на забите.Затоа е потребно забите да бидат темелно
исчеткани,а водичката дополнително да се користи за да се отстранат некои
евентуално заостанати бактерии после четкањето.Водичките за уста имаат и
дезодорантно својство и помагаат во отстранувањето на лошиот здив.
No comments:
Post a Comment