Ова се некои начини со кои може да му помогнете на детето кога е во период на никнување на заби:
Доколку детето е постаро од 4 месеци,од аптека може да земете некој анестетички гел или капки.Со чист прст или со стапче со вата натопено во гелот или капките,нежно правете масажа на местото каде излегуваат запчињата неколку пати на ден.
Бидејки детето во овој период повеќе се лигави,со чиста памучна крпа почесто треба да се бриши плунката за да не настане иритација и осип на кожата.Исто во овој период се препорачува да се дава повеќе вода или природни сокчиња без шеќер за да се надокнади изгубената течност поради зголеменото лачење на плунка.
Најдобро би било на детето во овој период да му дадете специјална играчка наполнета со вода која ќе може да ја гризи.Добро е претходно играчката да е оладена во фрижидер.Со гризењето детето го намалува притисокот во вилиците поради пробивањето на забите.Во оваа цел,ако немате играчка ,може да послужи и разладено лажиче.
Може на детето исто да му се даде и корка леб да ја гризи,нормално при тоа постојано да се надгледува де не откине поголемо парче.Се препорачува за јадење да му се даваат разладено пасирано овошје и зеленчук.
Може да се масираат непцата и со чист прст или стапче со вата натопено во чај од камилица или жалфија.Никогаш не масирајте со прст натопен во алкохол.
Понекогаш детето го смирува нежна масажа на ножните прстиња,бидејќи тука се рефлекторните точки од вилиците.
Ова се неколку начини кои можат да му помогнат и да го смират детето кога му растат запчињата.
Битно е да се напомене дека со миењето на запчињата треба да се започне практично со самото изникнување на првото запче.Во почетокот родителите му ги пребришуваат запчињата со парче газа натопено во вода,а покасно и му ги мијат запчињата со четка .Важно е детето колку што може порано да се осамостои за само да може да ги четка забите.Четката за заби треба да е малечка,а од пастата се става минимална количина,колку зрно грашок.И пастата за заби треба да е прилагодена на детето.

No comments:
Post a Comment