Не постои строго правило за тоа кога
треба да никнат првите заби.Понекогаш има случаи бебето да се роди со изникнат
заб,а има и случаи кога и после првиот роденден детето сеуште нема заби.
Во голема мера тука игра улога и генетскиот фактор.Ако кај родителите покасно никнале млечните заби,голема е веројатноста истото да се случи и кај нивните деца.
Некогаш се случува веднаш по раѓањето да се појават творби слични на заби во устата на бебето.Меѓутоа се работи за орожнати заостанати ткива кои не се прицврстени за коската и тие приметливо се нишаат.Таквите творби може да претставуваат опасност за бебето бидејки можат да се откачат и бебето да ги аспирира.Затоа во случај кај бебето да се забележат запчиња во првите 4 месеци,пожелно е да се посети детски стоматолог.Ако се утврди дека не се работи за вистински заби,тие ќе мора да се извадат.

Млечните запчиња се вкупно 20 на број.Во најголем број
случаи,децата до 2-3 годишна возраст ги имаат сите 20 запчиња.Никнувањето на
запчињата обично е по следниот редослед:
-6-7 месец-централни
секачи
-7-9месец-латерални секачи
-10-14месец-првите катници
-15-18месец-очниците
-2-3години-вторите катници
No comments:
Post a Comment