Оние ткива кои даваат потпора на забите,со едно име се означуваат како пародонциум.Тука спаѓаат –гингива,цемент,периодонциум и алвеоларната коска.
Гингивата е слузница која ја покрива алвеоларната коска(тоа е делот од горната и долната вилица во која се сместени корените од забите)Здравата гингива е со светлорозева боја.Долниот дел од гингивата го опфаќа забот од сите негови страни во областа на вратот на забот.Тука формира еден плиток простор со забот кој се означува како гингивален сулкус.Тој е нормално со длабочина до 2 мм.Во овој дел настануваат првите промени кога доаѓа до пародонтално заболување.
Цемент е забното ткиво кое го препокрива коренот од забот. Периодонциум е ткивото кое го опкружува коренот на забот и го прицврстува за коската.Тоа ткиво е изградено од клетки,крвни и лимфни садови,нерви и колагенски влакна кои го прицврстуваат забот за коската. Алвеоларната коска е оној дел од горната и долната вилица која ги носи корените на забите.Препокриена е со гингива а во неа се наоѓаат алвеолите(забните чашки) во кои се сместени забните корени.
Познавањето на градбата на нормалниот пародонциум е битно заради проучувањето на текот на настанување и проширување на пародонталната болест.Пародонталната болест е една од најзастапените болести кај денешниот човек. Физиолошките функции на пародонциумот се: -потпорна(преку него се прицврстуваат забите за вилиците) -формативна(клетките во периодонциумот овозможуваат обнова на ткивата) -нутритивна(крвните садови овозможуваат исхрана) -неуросензорна(нервите даваат осет за топло,ладно,притисок и болка) -заштитна(бидејки ги прифаќа и амортизира различните сили кои делуваат на забот)

Sto preporacuvate protiv krvarenje na nepca. Ima mnogu pasti sto se po reklami na TV no dali ima nekoj naroden lek?
ReplyDeleteBlagodaram, Zorica
Здраво Зорица.
DeleteКрварењето на непцата е еден од знаците на воспаление на непцата или гингивит.Ако правилно не се третира гингивитот,тој понатаму води кон пародонтопатија.Затоа е битно навремено да се реагира и да се отстранат причинителите на гингивит.Бидејќи главен причинител на гингивитот е неправилна хигиена на устата,првенствено е да се обрати внимание на овој момент.Доколку во устата има присуство на забен камен(колку и да сакаме да се одложи посетата на стоматолог),ќе мора во забната ординација стоматологот со ултразвук да го исчисти забниот камен и да провери дали има кариозни заби или некои стари пломби,коронки кои треба да се санираат,бидејки и тие се причинители на гингивит.Во домашни услови,најбитна е оралната хигиена.Се рекламираат многу пасти,меѓутоа јас би рекла дека не е важно каква паста се употребува туку важно е правилно да се одржува оралната хигиена.Значи четкање на забите темелно најмалку 2 пати дневно.Доколку сакате да изберете некоја паста,изберете од пастите со активни состојки за пародонтот(parodontax,lacalut active,colgate total)После четкањето на забите,потребно е да се исплакни устата со водичка за уста.Во продажба има голем избор,меѓутоа би можело плакнењето да биде и со 3 % хидроген кој е добар антисептик.Пожелно е да се прима редовно вит Ц,по 1000 мг дневно.Бидејќи се интересиравте и за некој народен лек,би ги пренела и позитивните искуства на некои мои пациенти.За гингивит помага плакнење на устата со чај од камилица или жалфија.Препорачуваат и гризење на ливчиња зелен чај.Ливчињата зелен чај се преливаат со зовриена вода,се оставаат 3 мин.,потоа чајот се пие,а ливчињата се жвакаат во текот на денот.На некои им помогнало испирање на устата со свежо исцеден сок од морков 3 пати на ден(разреден со вода 1:1)Има рецепт и со чај од камилица.Во една чаша процеден чај од камилица,се додава 4 гр. борна киселина во прав и се користи за испирање на уста.Доста познат е и третманот со лук.
3чешниња лук сомелени,се мешаат со 2 лажички јогурт.Смесата се држи во уста и со јазикот се масира непцето-неколку пати во ден.
Ова би биле некои од природните лекови за кои се интересиравте.Се надевам дека ќе имате некаква корист од овие искуства,а јас понатака и поопширно би се осврнала на темата гингивит,како многу често заболување.
Поздрав