Циркуларен кариес
е специфичен вид на кариес кој најчесто
се јавува на млечните заби кај доенчињатaаи
малите деца. Името го добил поради тоа што овој кариес се шири кружно околу
вратот на забите, зафаќајќи ја целата коронка. Уште се означува и како “baby
bottle caries” бидејќи исхраната
преку цуцла има одлучувачка улога за настанување на овој вид на кариес.
Карактеристично за исхраната во овој период од детството се честите дневни и
ноќни оброци кои претежно се состојат од течна, засладена и кашаста храна.
Посебно е лоша навиката детето да заспива додека се храни преку шише со цуцла
или да ја држи цуцлата во уста додека спие.
Млечните заби се
покриени со потенок слој на глеѓ кој при тоа е и послабо минерализиран, а
дентинот е со пошироки дентални каналчиња и има послаба регенераторна моќ. Сето
тоа допринесува кариесот побрзо да се шири и почесто да се јават компликации од
кариес кај млечните заби.
Циркуларниот
кариес најчесто се јавува на горните предни запчиња. Овие запчиња први
изникнуваат и се најдолго изложени на разните засладени напитоци кои им се
даваат на децата. Кај долните предни заби овој кариес поретко се јавува затоа
што при цицањето од цуцлата , долните заби се покриени со јазикот.
Најголем ризик за
настанување на циркуларен кариес има ако:
- детето често и
долго заспива со шише со цуцла кое содржи вештачко или право млеко, сок или
засладен чај
-ако спие со
цуцла во устата која претходно е натопена во мед или некој густи сок.
Во овие случаи
храната се задржува на предните заби и присутните шеќери под дејство на бактериите кои ги има во устата се
разложуваат до киселини. Киселините ја напаѓаат глеѓта, ја разјадуваат и
започнува кариозниот процес.
Во почетокот се
забележува само промена на бојата на делови од глеѓта, но за брзо време на тие
места се јавуваат вдлабнувања кои се шират кружно околу целата коронка на
запчето.За кратко време кариесот напредува кон пулпата на запчето и тогаш се
јавуваат болки и оток.Во наредната фаза се разјадува кружно целото запче и
доаѓа до негово кршење.
Напредувањето на
циркуларниот кариес обично е многу брзо. Во рок од неколку недели од појавата
на флеките на глеѓта, доаѓа до разорување на целото запче.
Покрај исхраната
со засладена храна преку цуцла, причина за појава на циркуларен кариес е и намалената заштитна функција на плунката
кај малите деца. Малите деца обично не ја затвораат целосно устата при спиење,
па предните запчиња брзо се сушат. Тие подолго време спијат, а при спиење
плунката послабо се лачи во устата. Покрај тоа, плунката кај бебињата има на половина
помалку одбрамбени антитела отколку во покасниот период.
Спрема тоа,
циркуларниот кариес е резултат на недоволна грижа за првите млечни запчиња и
преоптеретување со шеќери без да се воспостави правилна орална хигиена во овој
период.
No comments:
Post a Comment