Пародонталните
џебови се јавуваат исклучиво во тек на пародонтопатија и се нејзиниот најважен
знак.
Под пародонтален
џеб подразбираме простор кој се јавува помеѓу гингивата и коренот на забот а
настанува како резултат на разорувањето на потпорните ткива на забот при
пародонтопатија.
Под дејство на
бактериите од денталниот плак, настанува воспаление кое прво ја зафаќа
гингивата. Се јавува оток, црвенило и крварење. Ако тоа воспаление не се
лекува, ќе се прошири и во подлабоките структури. Под дејство на бактериските
токсини се разоруваат колагенските влакна кои го припојуваат забот за коската и
се создава еден подлабок простор- пародонтален џеб.
Надворешниот ѕид на џебот
го прави гингивата, а внатрешниот ѕид е цементот на коренот на забот. Тој
простор е исполнет со остатоци од храна, бактерии и некротично ткиво. Под
дејство на бактериите, пародонталниот џеб се повеќе се продлабочува.
Откако ќе се
формира џебот, настануваат и субгингивални конкременти. Тоа се цврсти наслаги
со темна боја кои се наталожени на коренот од забот. Настануваат со
минерализација на денталниот плак. Тие се со потемна боја од забниот камен заради присуството на железо во нивниот состав, кое потекнува од крвта.
Исклучително се цврсти и тешки за отстранување бидејќи навлегуваат во нерамнините
од цементот на коренот.
Пародонталниот
џеб се препознава по тоа што непцето е црвено, отечено и крвари на допир.
Пациентите имаат чувство на страно тело и како забот да е повисок од другите.
Ако на местото се впери млаз од воздух, гингивата се одвојува од подлогата
бидејќи припојот е разорен . При притисок со врвот од прстот, од пародонталниот
џеб се истиснува гној.
Во натамошниот
тек на болеста, на местото од пародонталниот џеб доаѓа до разнишување на забот.
Присуството на
пародонтален џеб може да се открие со помош на стоматолошка сонда или со
рентгенографија.
Сондирањето е
најсигурниот начин за откривање на џебот. Кај здравите заби, сондата може да
пројде само од еден до два милиметри. Кај заболените од пародонтопатија,
сондата оди многу повеќе, дури до 10 мм кај одделни заби.
Рентгенографијата
е само помошно средство за откривање на пародонтопатија.
No comments:
Post a Comment