Често го
споменуваме денталниот плак како главен виновник за кариес и воспаление на
гингивите. Што е всушност дентален плак?
Дентален плак е
прозирна, безбојна, мека наслојка полна со бактерии која се таложи на сите
површини во устата. Тоа значи дека се наталожува на забите, на забниот камен,
на пломбите, на вештачките заби и на гингивите. Кога јадеме, бактериите од
плакот ги користат шеќерите од храната за да произведат киселини. Токму тие
киселини се одговорни за разјадување на глеѓта и појава на кариес и
воспалителни процеси.
Денталниот плак започнува да се создава од самата плунка веднаш после четкањето на забите, како една тенка наслојка. Таа наслојка е цврсто поврзана за површината и не може да се отстрани само со плакнење на устата, туку се отстранува со четкање на забите со паста и четка за заби.Наскоро во таа наслојка започнуваат да се населуваат бактерии.За да созрее денталниот плак потребни се 2-3 дена. Заради тоа, иако се создава непрестајно, доволно е четкање на забите 2 пати дневно за да се отстрани плакот и да се спречи неговото созревање.
Ако забите не се четкаат, во плакот се наталожуваат
се повеќе бактерии,наслагите стануваат видливи и доведуваат до воспалување на
гингивата.
После 2 седмици, во денталниот плак се таложат и минерали кои потекнуваат
од плунката и се создава забен камен.Забниот камен веќе е цврста наслојка и тој
не може са се отстрани со четкање на забите.Потребно е да се посети стоматолог
кој ќе го отстрани забниот камен со помош на ултразвучен апарат.
Фактори кои
помагаат за побрзо создавање на дентален плак се:
-недоволна хигиена на устата и забите- колку што е полоша оралната хигиена,
толку ќе има повеќе дентален плак
-намалено лачење на плунка- доколку
количината на плунка во устата е помало,тогаш изостанува природното прочистување
на устата и доаѓа до побрзо таложење на дентален плак.
-конзумирање на мека храна богата со шеќери-
меката храна лесно се прилепува во устата.За здрави заби се препорачува
цврста и сирова храна која природно ги чисти забите.
- неправилна положба на забите- во
случај на збиени и неправилно поставени заби, чистењето е отежнато и тука
побрзо се наталожува дентален плак.
-лоши навики- џвакањето само од една страна на устата
овозможува брзо наталожување на плак од
другата неактивна страна. Исто и дишењето на уста го забрзува таложењето
на дентален плак, бидејќи со тоа се суши устата и се оневозможува заштитното
дејство на плунката.
-лоши стоматолошки изработки- лошо
изработените пломби, коронки, мостови и протези го олеснуваат наталожувањето и
насобирањето на забен плак.
No comments:
Post a Comment