Чистењето на
јазикот е древна метода која денес станува се повеќе популарна заради тоа што
ефикасно го отстранува непријатниот здив.
Додека спиеме,
телото ги исфрла токсините, а јазикот е еден од органите преку кој организмот
ги исфрла токсините од дигестивниот систем.
Дел од тие токсини се
забележуваат како бела наслага на јазикот. Во таа наслага живеат милиони бактерии
кои негативно влијаат не само на здравјето на забите и устата, туку и на
општата здравствена состојба. Тие можат да предизвикаат низа заболувања како
кардиоваскуларни проблеми, пневмонија, инфекции на носот и грлото... Затоа со
редовно чистење на јазикот, се елиминираат наслагите и се одржува добрата
здравствена состојба на забите и устата, како и на целиот организам.
Во специјализираните
продавници за здрава исхрана или во подобро снабдените аптеки може да се најдат
соодветни чистачи за јазик.
Тие обично се метални или пластични и се анатомски
прилагодени за чистење на овој орган. Со овие чистачи за јазик , 10 пати
поефикасно се елиминираат бактериите отколку со четка за заби.
Во случај да не
можете да најдете специјализиран чистач за јазик, може да се употреби и четката
за заби или обично метално лажиче.
Техниката на
чистење на јазикот е доста едноставна.
Исплазете го
јазикот и со чистачот или со лажичето стружете ја површината на јазикот со
движења од коренот према врвот на јазикот. Движењата се повторуваат 4-5 пати, се додека се исчистат наслагите. После
секое движење, чистачот се промива со топла вода. На крај, се препорачува
јазикот да се исчетка и со паста за заби па да се промие со вода.
Јазикот е
најдобро да се чисти наутро, на празен желудник. Ефектите од чистењето се чувствуваат доколку редовно се практикува оваа постапка.
Редовното чистење
на јазикот ги отстранува белите наслаги, го елиминира лошиот здив,го подобрува
осетот за вкус и го чува здравјето на забите, устата и целото тело.
Унапредете ги
хигиенските навики и започнете секојдневно да го чистите и јазикот.
No comments:
Post a Comment