Showing posts with label Анатомија. Show all posts
Showing posts with label Анатомија. Show all posts

23.3.15

Потпорни ткива на забите

Оние ткива кои даваат потпора на забите,со едно име се означуваат како пародонциум.Тука спаѓаат –гингива,цемент,периодонциум и алвеоларната коска.

Гингивата е слузница која ја покрива алвеоларната коска(тоа е делот од горната и долната вилица во која се сместени корените од забите)Здравата гингива е со светлорозева боја.Долниот дел од гингивата го опфаќа забот од сите негови страни во областа на вратот на забот.Тука формира еден плиток простор со забот кој се означува како гингивален сулкус.Тој е нормално со длабочина до 2 мм.Во овој дел настануваат првите промени кога доаѓа до пародонтално заболување.
Цемент е забното ткиво кое го препокрива коренот од забот. Периодонциум е ткивото кое го опкружува коренот на забот и го прицврстува за коската.Тоа ткиво е изградено од клетки,крвни и лимфни садови,нерви и колагенски влакна кои го прицврстуваат забот за коската. Алвеоларната коска е оној дел од горната и долната вилица која ги носи корените на забите.Препокриена е со гингива а во неа се наоѓаат алвеолите(забните чашки) во кои се сместени забните корени.
Познавањето на градбата на нормалниот пародонциум е битно заради проучувањето на текот на настанување и проширување на пародонталната болест.Пародонталната болест е една од најзастапените болести кај денешниот човек. Физиолошките функции на пародонциумот се: -потпорна(преку него се прицврстуваат забите за вилиците) -формативна(клетките во периодонциумот овозможуваат обнова на ткивата) -нутритивна(крвните садови овозможуваат исхрана) -неуросензорна(нервите даваат осет за топло,ладно,притисок и болка) -заштитна(бидејки ги прифаќа и амортизира различните сили кои делуваат на забот)

22.3.15

Градба на забите

градба на забите
Анатомија на заб
Луѓето ги користат забите за гризење и џвакање на храната.Значи тие се првиот чекор во дигестија на храната.Тоа е нивната основна функција.Меѓутоа имаат функција и во говорот,со тоа што учествуваат во формирање на некои гласови,а со тоа што даваат потпора на околните ткива,имаат битно влијание за индивидуалниот изглед и насмевка.

Забите(dens, dentis) се калцифицирани органи кои се наоѓаат на почетокот на дигестивниот систем,во усната празнина.Сместени се во соодветни алвеоли(празнини) во долната и горна вилица.

Анатомски,заб се состои од 3 дела:
  • коронка
  • корен
  • врат на забот
Коронката е оној дел од забот кој што е видлив во устата.Коренот е делот од забот кој е всаден во виличните коски а вратот на забот е тесен дел кој ги поврзува коронката и коренот и нормално е препокриен со гингива.

Секој заб е изграден од  3 калцифицирани ткива:глеѓ.дентин и цемент и од посебно сврзно ткиво-забна пулпа.

Глеѓта е цврсто минерално ткиво кое го препокрива дентинот на забната коронка и е најцврстиот дел на забот(а и најцврстото ткиво во организмот воопшто).Поради својот хемиски состав,глеѓта е многу отпорна на дејството на ензими,киселини и други корозивни супстанции.Заради тоа,глеѓта е првата бариера во одбраната од кариес.

Дентинот или забната коска,е цврсто ткиво кое изградува најголем дел од забот.По составот е многу сличен на коските.Во делот на коронката е препокриен со глеѓ,а во делот на коренот е препокриен со цемент.

Цементот е минерализирано сворзно ткиво,кое го препокрива дентинот на анатомскиот корен.

Во внатрешноста на забот се наоѓа забната пулпа(народски позната како нерв на забот).Во забната пулпа има нервни влакна кои даваат осет за топло,ладно,болка и притисок.Исто има и крвни ,лимфни садови,одбрамбени клетки и сврзно ткиво.Гранката на стоматологија која се занимава со терапија на заболената пулпа се вика ендодонција.