Пародонтопатијата
е долготрајна болест која минува без болки. Болките се јавуваат само во случај
ако дојде до компликации. Најчеста
компликација при пародонтопатијата е појава на пародонтален апсцес.
При пародонтален
апсцес доаѓа до насобирање на гнојна колекција во пародонтот, веднаш до самиот
заб. Насобирањето на гној настанува ако од било кои причини тој не може да се
издренира во усната празнина. Најчесто тоа е заради оток на гингивата или
насобирање на субгингивални конкременти.
Пародонталните
апсцеси можат да бидат акутни и хронични.
Акутниот апсцес е
проследен со силна болка. На местото на апсцесот се забележува оток и црвенило.
Болката се зголемува на притисок. Во почетокот отокот е тврд, а за неколку дена
омекнува. Заради отокот, забот е разлабавен и боли на потчукнување. Често
болката зрачи длабоко во вилицата и е од пулсирачки тип. Обично се зголемени и
болни лимфните жлезди под долната вилица, а ретко е покачена и телесната
температура.
Доколку не се
превземе соодветно лекување, гнојот ќе продре низ коската и гингивата и ќе
образува отвор (фистула) низ кој ќе истекува. Тогаш акутниот апсцес преминува
во хроничен.
Хроничниот апсцес има поблаги симптоми. Болката е намалена, неодредена,а пациентите имаат желба да гризат и стискаат на тој заб. Ако фистулата се затвори, процесот ќе се обнови и повторно ќе се формира акутен апсцес.
Хроничниот апсцес има поблаги симптоми. Болката е намалена, неодредена,а пациентите имаат желба да гризат и стискаат на тој заб. Ако фистулата се затвори, процесот ќе се обнови и повторно ќе се формира акутен апсцес.
Колку и да звучи лошо, појавата на апсцес е добар знак, бидејќи зборува за добра одбрамбеност на организмот, кој успеал да го ограничи воспалението на едно место и не дозволил да се прошири во околните ткива како што е случај кај флегмоната.
Лекувањето на
пародонталниот апсцес се состои во елиминирање и дренажа на гнојната колекција.
Со тоа акутниот процес се смирува. Лекувањето на издренираниот акутен апсцес,
како и на хроничниот главно се состои во отстранување на пародонталниот џеб.
No comments:
Post a Comment