Кога јадиме
некоја храна, битно е да имаме на ум дека воедно ги храниме и бактериите во
нашиот организам, а тоа посебно се однесува на усната празнина и забите.
Денталниот плак всушност е тенок слој кој ги препокрива забите а е претежно
составен од бактерии. Затоа од големо значење е видот на храна која ја
консумираме.
Пред се многу е
важна конзистенцијата на храната. Цврстата храна ги разработува жвакалните
мускули, ја масира гингивата, ги чисти меѓузабните простори и го поттикнува
излачувањето на плунка. Плунката има заштитна функција со тоа што ги чисти
забите со испирање и ја намалува киселоста во устата. Затоа секогаш одлучете се
за цврста храна кога имате избор.Одберете шницла наместо мелено месо, свежо
овошје наместо компот.
Разновидната
исхрана богата со витамини, минерали и белковини е многу значајна за здравјето
на забите.
Јадете свежо
овошје и зеленчук богати со влакна. Оваа храна ја чисти устата и поттикнува
лачење на плунка. Особено корисни за забите се: јагоди, јаболка, агруми, киви,круши. Ова овошје е
богато со вит. Ц , кој е важен за целото тело па и за забите. Недостаток на
вит. Ц доведува до ослабнување и кинење на колагенските влакна кои го
прицврстуваат забот за коската, па се отвара пат за продор на бактерии што може
да доведе до пародонтопатија.
Јагодите природно
ги полираат забите, бидејќи произведуваат ензим кој ги обелува забите.
Од зеленчук
изберете морков , млад компир, брокула, тиква, домати, целер... Тие содржат
вит. А кој е неопходен за изградба на глеѓта.
Сирењето,
млекото, јогуртот и останатите млечни производи се многу здрави за забите.
Фактот дека не се кисели ја намалува можноста за ерозија и пропаѓање на забите,
а исто се богати со калциум и фосфор кои
се неопходни за здрави заби.
Кромидот и лукот
содржат соединенија со сулфур кои се природни антибиотици и убиваат голем број
од бактериите. Затоа се препорачуваат во секојдневната исхрана.
Оревите се богати
со витамини и минерали, калциум, калиум и цинк и се многу здрави за забите.
Интегралниот леб
со семенки е доста поздрав, бидејќи треба подолго и поцврсто да се жвака, во
споредба со белиот, леплив леб.
Што се однесува
до намирниците од животинско потекло, корисни се пилешко , мисиркино, говедско месо како и јајцата бидејќи содржат фосфор. Фосфорот, заедно со вит. Д и
калциумот се главни состојки на коскениот систем и овие елементи ги прават
забите цврсти и здрави.
Поголем дел од
билките делуваат благотворно на забите и усната празнина.
Цимет, магдонос,
камилица, жалфија,нане, рузмарин- имаат антисептичко и противвоспалително дејство
и го освежуваат здивот.
Што се однесува
до течностите, најздрави за забите се водата, млекото, незасладените чаеви и
природно цедените сокови без додаток на шеќер.
Посебно е лековит
зелениот чај бидејќи изобилува со минерални соли и флуор кој штити од кариес. Зелениот чај
содржи и антиоксиданси, витамини, а посебно е богат со вит. Е кој го успорува
стареењето. Заради присуството на полифеноли
и флавониди, зелениот чај го
јакне имунитетот. Помага во борбата
против стресот заради L-теанинот ( вид на аминокиселина) кој го
содржи. Заради сите овие состојки, зелениот чај претставува извор на виталност и е битен за севкупното здравје кое се огледува и на забите и на нив влијае.
No comments:
Post a Comment