Професионално
чистење на забите треба да се прави на секои 6 месеци. Покрај отстранувањето на забен камен со
помош на ултразвучен апарат, професионалното чистење опфаќа и пескарење и
полирање на забите.
Отстранувањето на
меки наслаги и пигментации на забите се врши со помош на Air- flow систем,а таа постапка се вика пескарење на забите.
Со системот за пескарење на забите се отстрануваат различни пигментации од кафе, вино, цигари од местата кои не можат да се исчистат со помош на ултразвук. Овој метод се користи и како профилакса кај пациентите кои носат фиксни протези.

Постапката се
изведува со помош на специјален апарат, кој под силен притисок испушта прав
помешан со млаз вода на површината од
забите.Правот се состои од ситни честички на калциум карбонат или натриум хидрогенкарбонат достапен во неколку различни вкусови.
Како резултат на таквото дејство, брзо и ефикасно се отстрануваат меките наслаги и пигментациите на забите.
Како резултат на таквото дејство, брзо и ефикасно се отстрануваат меките наслаги и пигментациите на забите.
Третманот трае 15-20 мин. и е потполно безболен и нештетен.
После третманот забите се почисти, посјајни и здивот е посвеж . Пескарењето на
заби се прави и како припрема при белење на забите.
Полирањето на
забите се врши машински со помош на соодветни ротирачки четки и гумички и абразивна,ароматизирана
паста.
Оваа постапка може да се користи самостојно за отстранување на меките наслаги или во склоп на професионалното чистење на забите. Целта е да се добијат чисти и мазни површини со што ќе се одложи повторното наталожување на забен камен.
Се препорачува пескарење и полирање на заби да се прави на секои 6 месеци, меѓутоа по желба на пациентот може да се направи и на 2 до 3 месеци. Овие постапки се потполно безболни и нештетни и можат да се применуваат и кај децата.

Пескарењето и полирање на забите не може да се смета за третман на избелување на забите, но после овие постапки забите секако изгледаат почисти, посјајни и побели.
No comments:
Post a Comment