Флуоризацијата е
универзално прифатена од стоматолозите и другите медицински лица како корисна
метода во превенцијата на кариес.
Флуоридната
терапија може да е локална или систематска.
При локалната
терапија флуоридите се нанесуваат директно на површината од забите, а при
систематска, флуоридите доаѓаат до
забите преку крвотокот.
Во средства за
локална терапија со флуор спаѓаат: пасти за заби, водички за уста, таблети за лижење, гелови за премачкување
на забите кои во себе содржат флуориди.
Во денешно време,
скоро сите пасти за заби и водички за уста содржат флуор. Меѓутоа се работи за
многу ниски концентрации кои не се доволни за превенција на кариес.
Кај лица со
повисок ризик од кариес, стоматологот може да препорача премачкување на забите
со флуоридни гелови или таблети за лижење кои содржат флуориди.
Во таблетите за
лижење обично има нешто повисока концентрација на флуор- до 1 мг. Ваквите
таблети се држат во уста додека не се растопат со што флуоридите директно
делуваат на површините од забите но дел од нив и се апсорбираат во устата, така
да тие имаат и систематско дејство.
Флуоридните гелови ги аплицира стоматологот. Прво забите се полираат, а потоа се премачкуваат со гел кој стои во устата околу 5 мин. После гелот се плакне, а пациентот не треба да консумира храна, течности и цигари наредниот половина час.
Систематската флуоризација може да се врши преку флуорирана вода, млеко, сол или со помош на таблетки со флуор.
Таму каде што е
флуорирана водата за пиење, нема потреба да се примаат никакви други суплементи
со флуор. Американскиот центар за
контола на болести, ја сврстил флуоризацијата на вода во првите 10 најголеми
здравствени достигнувања на 20 век.
Во земјите каде
питката вода не е флуорирана се препорачува примање на таблети со флуор,
посебно кај децата до 14 години кога се развиваат трајните заби.
Нив ги препишува
стоматолог во строго определена концентрација.
Препорачани дози
на флуор се:
- деца од 6
месеци до 3 години -0,25 мг
- од 3 год. до 6
год. -0,50 мг
- од 6 год. до 14
год. – 1 мг
Докторите обично
препорачуваат бремените жени да пијат флуорни таблети од 4ти
месец на бременост во концентрација од 1 мг. Тоа е периодот кога започнуваат да
се формираат зачетоците на заби кај плодот.
No comments:
Post a Comment