Доброто орално
здравје е од витално значење за идната мајка и нејзиното бебе.
Доколку се работи
за планирана бременост, многу е важно да се посети стоматологот пред
бременоста, за дa се поправат кариозните заби и да се санира устата. Тоа ќе ги
спречи несаканите компликации и ќе ги зачува забите.
Во тек на
бременоста најважно е да се одржува редовна орална хигиена. Забите треба да се
четкаат темелно 2 пати дневно и да се употребува забен конец или интердентална
четка за да се исчистат бочните страни од забите.
За време на
бременоста треба да се смени приборот за одржување орална хигиена. Пастите и
геловите за избелување на заби треба да се исфрлат од употреба, затоа што
содржат повисоки концентрации на водороден пероксид.
Доколку се јавува утринско гадење и мачнина, треба да се избере четка за заби со помала глава, меки влакна и да се користат поблаги пасти за заби. Подобра варијанта е употреба на паста за заби на база на растителни состојки пр. жалфија, камилица, прополис.
Четката за заби се менува на секои 2 до 3 месеци за да се спречи насобирањето на бактерии.

После четкањето устата треба да се исплакне со течност за уста или со чај од камилица или жалфија.
Во тек на
бременоста треба да се избегнуваат благите оброци. Потребно е да се јаде
здрава, избалансирана храна богата со витамини, протеини и минерали. Млечните
производи од типот на јогурт и сирење се
добар извор на минерали потребни за здрави заби, непца и коски на бебето.
За здрави заби на
бебето, се препорачува земање на таблети флуор од 1 мг, од 4-ти месец на
бременоста па до крај на доењето.
No comments:
Post a Comment