Пародонтопатијата
е заболување на потпорниот апарат на забите. Во почетната фаза зафатена е само
гингивата и тогаш станува збор за гингивит. Доколку гингивитот навремено се
лекува, може потполно да се излечи.
Меѓутоа нелекуваниот гингивит прогредира во
потешки форми на пародонтопатија, кога
се оштетува гингивата и се губи коската околу забот што резултира со
расклатување и губење на забите.
Пародонтопатиите,
заедно со кариесот, се најраспространети заболувања кај луѓето.
Испитувањата
покажале дека повеќе од 90% од
возрасните, и околу 50% од децата имаат некаков облик на пародонтопатија.
Болеста најчесто
се јавува после 25-тата година од
животот. Значајно е дека болеста се јавува незабележливо и постепено, без болни симптоми и пациентот воопшто и не е
свесен дека ја има.
Значењето на пародонтопатиите не е само затоа што се толку распространети, туку и заради тешките последици од нив. Тие неминовно водат до разорување на коскеното ткиво и на крај доаѓа до губење на забите. Испитувањата покажале дека до 45-тата година од животот, забите најчесто се вадат поради кариес, а после 45-тата , повеќето заби се губат како последица на пародонтопатија.
Утврдено е дека
пародонтопатијата е причина што кај повеќе од 50% од луѓето над 65 години има
појава на тотална беззабост, односно нема ни еден заб во устата.
Луѓето кои
изгубиле поголем број заби, имаат проблеми со правилната исхрана, што влијае на
општата здравствена состојба.
За лекување на
заболувањето и надокнадување на изгубените заби, потребни се повеќе стручни
лица и издвојување на поголеми материјални средства.
Исто така битен е
и естетскиот момент.
Од сево ова произлегува дека пародонтопатиите имаат големо медицинско, социјално и економско значење, и е неопходно да се обрати поголемо внимание за нивно спречување и лекување.
No comments:
Post a Comment