Сте приметиле
крварење од непцата при четкање на забите? Гингивата е малку отечена
и зацрвенета и имате непријатен мирис од устата? Се работи за површински
гингивит и време е да закажете преглед кај вашиот стоматолог.
Гингивитот е
бактериска инфекција на гингивата околу забниот врат. Причинители се бактериите
од забниот плак. Во почетната фаза има отсуство на болка, па пациентот не
обраќа посебно внимание на промените.
Единствено може да се јави благо крварење од непцата при рутинско четкање на забите или при јадење на чврста храна. Нормалната гингива е бледорозеникава по боја и е цврсто припиена за подлогата. При гингивит, непцата се отечени и добиваат црвена боја, а нивната површина е сјајна и мазна. Присутен е непријатен мирис од устата.
Од голема важност е навремено да се третира гингивитот, бидејќи тој е почетната фаза од пародонтопатија. Ако се занемари гингивитот, површинското воспаление може да се прошири во подлабоките слоеви на забните ткива што ќе доведе до оштетување на потпорниот апарат на забите и своевремено до нивно губење како резултат на пародонтопатија. Добрата вест е дека промените кои настануваат при гингивит се реверзибилни и ако навреме се лечи, гингивитот може целосно да се излечи.

Основа на
лекувањето е да се отстранат сите меки и цврсти наслојки на забите кои содржат
бактерии. Отстранувањето на наслагите ги врши стоматолог со помош на ултразвучен апарат, со пескарење и полирање на забите.
Исто така е неопходно да се пломбираат кариозните заби, да се заменат дотраените пломби и протетски помагала како причинители за насобирање на дентален плак и забен камен.

После посетата на
стоматолог, од голема важност е одржување на редовна орална хигиена.
No comments:
Post a Comment